Политика за приватност на податоците

Политика за приватност на податоците

Кога ја посетувате  веб-страницата на HOYA Vision Care, вклучително www.hoyavision.com, www.seikovision.com, www.pentaxoptical.com и visionaryalliance.com („веб-страница“), нарачувате производи HOYA како оптичар или користите алатки кога нарачувате леќи (заедно „услуги“), се применува оваа „Политика за приватност“ на податоците на HOYA.

Контролор на вашите лични податоци е HOYA Vision Care Europe Hoya Holdings N.V., Radarweg 29, 1422 AC Amsterdam, Холандија, (понатаму во текстот како „HOYA“).

Внимателно прочитајте ја „Политиката за приватност“ за да ги разберете вашите права во поврзаност со вашите лични податоци и како ќе ги собираме и обработуваме вашите лични податоци. Политикава за приватност ги надополнува кои било други слични известувања и политики што може да ви ги испратиме повремено и не е предвидена да ги натфрли. Ако не се согласувате со политикава за приватност или кој било нејзин дел, не треба да пристапувате до услугите или поинаку да ни ги давате вашите податоци. 

Нашите услуги не се наменети за деца и не собираме свесно податоци од деца. Децата не смеат да ги користат нашите услуги, освен ако нивниот родител или старател дал согласност во случај кога таа опција е достапна на вашата локација.

Ако сте корисник што се наоѓа во Калифорнија, погледнете ги дополнителните услови што се релевантни за вас во Додатокот долу.

1. Собирање и употреба на личните податоци

Може да ни дадете некои или сите лични податоци наведени долу преку контактирање со нас или барање на нашите услуги.

  • Посети на веб-страницата и барања: кога ја посетувате нашата веб-страница и барате информации за нашите услуги, ги собираме податоците за вашето име, адреса, телефонски број и адреса на е-пошта и ги користиме за да комуницираме со вас и да го исполниме вашето барање;
  • може да ве исконтактираме и по телефон во случаи кога сте навеле дека претпочитате таква комуникација;
  • собираме и податоци за вашето прелистување на веб-страницата и интеракциите со нас за да ги подобриме веб-страницата, услугите и да ја одржиме безбедноста на корисниците, но и за да адресираме и решиме технички проблеми и багови; и
  • ако испратите коментари или изјави за задоволството, таквите објави ќе го содржат вашето име, презиме, земја и изјавата. Ги користиме податоциве само со ваша согласност за промотивни намери и за да ги информираме другите корисници за искуствата со нашите услуги или компанија. Може во секое време да ја повлечете оваа согласност со тоа што ќе испратите е-пошта на hoyavision_unsubscribe@hoya.com.

Нарачување производи во улога на очен здравствен работник:

ги собираме следните податоци од очните здравствени работници што ги нарачуваат нашите производи или ги користат нашите услуги, вклучително податоци за името, адресата, адресата на е-пошта, IP-адресата, телефонскиот број, извештаите за посетите, купувањето групно членство (ако е применливо), нарачката за продажба и податоците за фактура за да ја овозможиме и доставиме вашата нарачка и заради плаќање, да комуницираме со вас и да ви овозможиме корисничка поддршка. Учество во обуки и настани како оптичар или здравствен работник:

  • ги собираме следните податоци од оптичарите или здравствените работници кои учествуваат во обуки и настани организирани од HOYA, вклучително податоци за името, адресата, адресата на е-пошта, телефонскиот број, датумот на раѓање, информациите за настанот или обуката и информациите за претпочитаните спортови со цел остварување на вашето учество и праќање покани за идни настани.

Порачување леќи во улога на потрошувач преку вашиот очен здравствен работник:

  • ако порачате леќи или очила со рецепт преку вашиот оптичар, оптичарот ќе ни ги испрати деталите од рецептот за да можеме да ви ги испорачаме леќите и гарантната картичка. Вашиот оптичар ќе ја побара вашата согласност за да ни го даде вашето име за да може да ја идентификуваме вашата нарачка и за да ви дадеме гарантна картичка.
  • Како краен корисник, може да изберете (преку вашиот очен здравствен работник) да употребите една од нашите алатки со којашто ќе добиете совет за типот леќи или рамки што би одговарале на она што го претпочитате согласно вашиот стил на живеење. Можете да ги употребите нашите алатки и за да ви дадеме совет за рамката која најмногу одговара согласно вашето лице. Во таков случај, предмет на обработка се вашето име, полот, возраста, рецептот, задоволството, стилот на живот и сликата од вашето лице, со цел да ви дадеме совет за рамката. Податоците ги користиме во збирна форма за целите на развој на производите.
  • Имајте предвид дека може да ги обработиме податоците наведени горе во улога на контролер или како обработувач во името на очен здравствен работник според локалните договор и околности.

Претплатничка услуга

  • Ако се претплатите за статиите за знаење (блоговите) на HOYA Vision Care, HOYA ќе ја употреби вашата адреса на е-пошта за да ви даде онлајн статии за производите HOYA, услугите и темите што сте ги избрале. Во случаи кога не сакате да добивате повеќе известувања преку е-пошта, може да ја прекинете претплатата преку линкот најдолу во е-пораката што сте ја добиле или со тоа што ќе испратите е-порака на hoyavision_unsubscribe@hoya.com.
  • Може да се случи и да ви испратиме билтен за нашите производи и услуги преку нормална пошта. Ако не сакате да ги добивате билтените, испратете ни е-порака на hoyavision_unsubscribe@hoya.com.

2. Правна основа

Најважната правна основа за обработката на вашите податоци е тоа дека обработката е потребна за исполнување на договорот што го имате склучено со HOYA, на пример, во случаи ако порачате производ, побарате одредени информации, се регистрирате за настан или направите нарачка. Во одредени случаи, обработката може да е потребна со цел усогласување со правните обврски, како што е обврската за прецизно книговодење и за записи за финансиски или даночни цели. Во одредени случаи, обработувањето на податоците се заснова врз вашата согласност, на пример, во случај на претплата на нашите билтени, реклами или блогови или ако ги користите кои било алатки HOYA за да нарачате леќи. На крајот, HOYA има легитимен интерес да ги подобри содржините на веб-страницата, производите и услугите преку анализа на вашето однесување додека прелистувате страници, купувате и имате интеракции со нас.

3. Колачиња

Користиме колачиња и други слични технологии за да собираме податоци за вашето прелистување со текот на време на нашата и на различни веб-страници по употребата на нашите услуги. Ги користиме потребните колачиња, колачињата за претпочитани опции, статистика и маркетинг, како и слични технологии. Колачињата ни овозможуваат да ја персонализираме содржината и рекламите, да ви овозможиме функционалности за социјалните мрежи и да ја анализираме посетеноста. Тоа ни помага да ги подобриме нашите услуги и начинот на кој нашата веб-страница работи. Повеќе информации за колачињата и како управуваме со нив може да пронајдете овде.

Повеќе информации за колачињата и како управуваме со нив може да пронајдете овде. Промената на поставките за колачињата нема да има ефект врз податоците што сме ги собрале пред промената.               

4. Користење на личните податоци од трети страни

HOYA не ги споделува вашите податоци со трети страни, освен:

  • ако сте ни дале дозвола за тоа;
  • ако постои правна обврска за тоа;
  • кога дејствуваме според ваше барање или кога ја спроведуваме нарачката до компаниите од групацијата HOYA или до даватели на услуги од трета страна за плаќање или испорака;
  • во случај на спојување или аквизиција на HOYA или (на дел) на средствата од трета страна (повеќе погледнете подолу);
  • Кога работиме со даватели на услуги и фирми кои работат во името на HOYA како обработувачи: таквите трети страни вклучуваат: (i) фирми за податочна аналитика; (ii) безбедносни фирми; (iii) фирми за хостирање веб-страници; и (iv) фирми што помагаат околу општите операции. Овие даватели на услуги ни помагаат со многу различни функции и задачи, како складирање податоци, услуги за опоравување по катастрофа и комуникација со вас;
  • за нашите легитимни интереси со компании во рамките на нашата корпоративна фамилија; и
  • како што е потребно со нашите професионални советници: Ќе ги споделиме вашите лични податоци со професионални советници, како ревизори, правни фирми или сметководствени фирми.

5. Пренос на податоци надвор од ЕУ

Во рамките на гореспоменатите цели за обработка на податоците на HOYA, вашите лични податоци се пренесуваат кај трети страни надвор од ЕУ и Обединетото Кралство. Нивото на заштита на вашите лични податоци во тие земји може да не се смета за слично со тоа во вашата земја. Меѓутоа, имаме склучено стандардни договорни клаузули на ЕУ (SCC) или еквивалентни договори издадени од релевантно компетентно надлежно тело во Обединетото Кралство кое е релевантно, освен ако преносот на податоци е во земја одредена од Европската Комисија или релевантните власти на Обединетото Кралство, како што е применливо, за да се овозможи адекватно ниво на заштита на индивидуалните права и слободи за лични податоци (пр. Јапонија). Копија од SCC може да добиете со испраќање на барање на DPO@hoya.com.

6. Спојување или продажба

Според нашите легитимни интереси, HOYA може да ги префрли своите операции во целина или како дел од своите средства кај трета страна поради продажба или купување на средството, продажба на акциите или спојување, банкрот или друга деловна трансакција или реорганизација. Во тој случај, личните податоци ќе бидат исто така префрлени кај купувачот, новиот сопственик или друга релевантна трета страна како што е потребно додека се договара, исполнува или поинаку во поврзаност со промената на корпоративна контрола, како што се реструктурирање, консолидација или спојување или продажба или пренос на нашите средства.

7. Период на чување

Сите лични податоци се чуваат не подолго од потребното време согласно GDPR и националните регулативи за финансиските и даночните обврски.

Во случај да нарачате производи од нас, ги чуваме вашите податоци колку што е разумно за да се усогласиме со нашите обврски за гаранција согласно применливиот период.

Во случај ако сте се согласиле да примате билтени од нас, вашиот личен профил се заснова врз историјата во период од 2 години пред билтенот.

Ако сте ги користеле нашите алатки за совети во улога на краен корисник, во тој случај податоците ги чуваме не подолго од 1 година по давањето на советот.

Периодот на чување на изјавите за задоволство на корисниците изнесува 3 години по давањето на изјавата.

Периодот на чување на колачињата може да го дознаете овде .

8. Права

Имате право на пристап, корекција, префрлување, ограничување, приговор или бришење на вашите лични податоци. Онаму каде што обработката на личните податоци се заснова врз ваша дозвола за тоа, имате право во кое било време да ја повлечете дозволата.

Имајте предвид дека одредени од овие права се применува само во одредени околности и сите права може да се ограничени со законот. На пример, таму каде што исполнувањето на вашето барање би влијаело негативно врз други лица или нашите трговски тајни или интелектуална сопственост, каде што постои поважен јавен интерес или каде што е потребно со закон да се задржат вашите лични податоци.

За да искористите некои од овие права, може да нè добиете на DPO@hoya.com.

Освен тоа, може во секое време да се спротивставите на употребата на вашите податоци за директни маркетиншки цели.

Ако сметате дека сме ги прекршиле законите за заштита на податоци, контактирајте го нашиот службеник за заштита на податоците на DPO@hoya.com и ќе ви одговориме што е можно поскоро на вашето барање. Може да поднесете барање кај релевантните власти за надзор на заштитата на податоците.

9. Безбедност

Иако правиме сè што можеме за најдобро да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да ја загарантираме безбедноста на вашите податоци што се пренесуваат преку веб-страницата или преку е-пошта; секој таков пренос е на ваш ризик.

10. Веб-страници од трети страни

Нашата веб-страница може да содржи линкови до други онлајн платформи, плагини или други апликации што се водени од трети страни. Не ги контролираме таквите други страници или апликации и не сме одговорни за нивната содржина, нивните политики за приватност или нивната употреба на вашите податоци. Податоците што ги давате на јавни или полујавни места, вклучително податоците што ги споделувате на социјални платформи од трета страна, може да бидат видени и од другите корисници на веб-страницата и/или корисниците на тие онлајн платформи од трети страни без ограничување на нивната употреба од нас или од трета страна. Постоењето на таквите линкови не значи само по себе дека ја поддржуваме таквата содржина на таквите платформи или на нивните сопственици или операторите, освен како што се вели на веб-страницата. Изречно изјавуваме дека не сносиме одговорност за постапките на трети страни, вклучително, но без ограничување на постапките поврзани со употребата и/или разоткривањето на личните податоци од трети страни. Кои било податоци поднесени од вас директно кај овие трети страни се предмет на политиката за приватност на таа трета страна.

11. Контакт

Сите ваши прашања, коментари и грижи за оваа „Политика за приватност“ или за вашите лични податоци се добредојдени и можете да го контактирате нашиот службеник за заштита на податоците на DPO@hoya.com

12. Промени во политиката

HOYA го задржува правото да ја менува својата политика. Внимавајте секогаш да сте запознаени со најпоследната верзија на политиката што е објавена овде. Навремено ќе ве информираме ако има важни промени во политиката.

13. Јазик

Освен ако е поинаку пропишано со законот, во случај на каква било неконзистентност помеѓу англиската верзија и верзијата на локалниот јазик на оваа „Политика за приватност“, предност има англиската верзија.

14. Додаток за жителите на Калифорнија

Условите на овој додаток се однесуваат на жителите на Калифорнија согласно „Законот за приватност на потрошувачите на Калифорнија“ („CCPA“) и другите закони на сила. CCPA им овозможува на жителите на Калифорнија одредени законски права, како пристап, бришење, разоткривање и „непродавање“ на податоците. Овие права не се апсолутни и подлежат на одредени исклучоци.

Собирање и разоткривање лични податоци

Низ изминатите 12 месеци преку вашата употреба на услугите можеби сме ги собрале и разоткриле следниве категории на лични податоци на или за потрошувачите, како што е дефинирано во CCPA:

  • идентификатори, како што се телефонскиот број, името, адресата на е-пошта, поштенската адреса, датумот на раѓање, полот, возраста, физичките карактеристики или описот или податоците за здравствено осигурување.
  • Податоци за активностите на интернетот или другите електронски мрежи, вклучително прелистувањето и интеракциите со нашата веб-страница.
  • Податоци за рецепта за леќи од очните здравствени работници или директно од потрошувачите;
  • Комерцијални податоци, вклучително податоци за картичка за плаќање и податоци за верификација на трансакција.

Ги собираме личните податоци за следните намери:

  • за функционирање и администрирање на побараните услуги;
  • за исполнување на нарачки;
  • за комуникација со вас;
  • за подобрување на нашите услуги;
  • за персонализација на нашите услуги за вас;
  • за одржување на безбедноста на нашите корисници; и
  • за адресирање и отстранување технички проблеми и багови.

Ги разоткриваме личните податоци од секоја од категориите на податоци со следните типови ентитети:

  • нашите подружници во нашата корпоративна групација, кои ги обработуваат вашите лични податоци заради функционирање на услугите
  • други компании што овозможуваат услуги во наше име на кои им е забрането според договорот да ги задржуваат, користат или разоткриваат личните податоци за каква било намера освен да ни овозможат услуги
  • регулатори или судски власти и агенции за спроведување на законите
  • професионални советници, како ревизори, правни фирми или сметководствени фирми
  • ентитети што го откупиле сиот или значителен дел од нашиот бизнис
  • со другите трети страни според ваша насока или согласност

Во изминатите 12 месеци не сме ги продале личните податоци на жителите на Калифорнија во рамките на значењето на зборот „продажба“ содржано во CCPA.

Права согласно CCPA

Ако сте жител на Калифорнија и CCPA не препознава каков било исклучок што се однесува на вас или вашите лични податоци, тогаш имате право да:

побарате бесплатно да ви ги разоткриеме следните податоци од изминатите 12 месеци до вашето барање:

  • категориите на лични податоци што ги собираме за вас;
  • категориите на извори од кои се собираат личните податоци;
  • целта на собирање лични податоци за вас;
  • категориите на трети страни на кои ги разоткриваме личните податоци за вас и категориите на лични податоци што биле разоткриени (ако е применливо) и целта на разоткривањето лични податоци за вас; и
  • специфични парчиња лични податоци што ги собираме за вас;

да побарате да ги избришеме личните податоци што сме ги собрале од вас, освен ако CCPA препознава исклучок; и

да не бидете изложени на незаконска дискриминација за практикување на вашите права, вклучително овозможување на поразлично ниво или квалитет на услуги или да не ви бидат негирани добра или услуги кога ги практикувате вашите права согласно CCPA.

Имаме за цел да ги исполниме сите верификувани барања во рок од 45 дена согласно CCPA. Ако е потребно, објаснувањето за задоцнувањето ќе биде придружено од продолжување за дополнителни 45 дена.

Како да ги практикувате вашите права

Може да не исконтактирате преку е-пошта на DPO@hoya.com. Жителите на Калифорнија може да не исконтактираат и на (844) 735-5773. Може да назначите и овластен агент за да ги прави овие барања во ваше име. Во случај на барања направени од ваш агент, може да побараме да го верификувате вашиот идентитет директно кај нас и директно да потврдите дека сте му дале дозвола на овластениот агент да го поднесе барањето.