Ние користиме колачиња на нашата веб-страница за наши лични бизнис потреби вклучувајќи следење на Вашите параметри и собирање акумулирани статистики за да анализираме како се користи нашата веб-страница. Со користење на оваа веб-страница се согласувате дека е зачувано колаче.

Yuniku

Вие сте уникатни. Вашето Yuniku.

Вашето лице е уникатно, со својот облик, карактеристики и емоции. Тоа е првото нешто што го гледате во огледалото и честопати првото нешто што другите го забележуваат кај вас. Изразете се. Дефинирајте го вашиот стил. Прославете го тоа што сте единствени заедно со Yuniku, првите очила на светот создадени со 3D печатач фокусирани кон видот и направени само за вас. Можностите се бескрајни.

Контактирајте нѐ

Корист

3D очила скроени само за вас и дизајнирани да лежат на вашето лице и да одговараат на видот. Обичните очила можете да ги приспособувате само до одреден степен. Нивните рамки и држачите се тие, а вие само треба да ги ставите леќите според обликот. Но, Yuniku за споредба користи револуционерен пристап фокусиран кон видното поле. Започнува со проценување на вашите визуелни потребни и црти на лицето. Напредниот софтвер ја пресметува идеалната позиција на леќите во однос на очите и потоа ја печати рамката со 3D печатач базирано на уникатните параметри. За првпат можете да уживате во најврвната оптичка прецизност без да го компромитирате стилот или тоа како лежат очилата на лицето.

Дефинирајте го вашиот стил

Широкиот избор на дизајни на рамки дозволува да бирате бои, облик и изработка. Ова е надополнето со решението за леќи со единечно видно поле, за прогресивни леќи и за леќи за внатрешни услови. За да спречиме гребаници и за полесно да се чистат, сите леќи доаѓаат со најиздржливиот анти-рефлексивен завршен слој што можете да го најдете денес.*

Со помош на врвна технологија, вашиот оптичар ќе ги скенира цртите на вашето лице. Базирано на податоците од скенерот, се препорачува да се направи автоматско одмерување на цртите. Така не само што добивате рамка којашто најдобро одговара на лицето за исклучителен комфор, туку го добивате најдобриот стил воопшто. Виртуелната слика покажува како точно ќе изгледате со новите очила. Не сте целосно задоволни? Можете да ја менувате рамката во системот Yuniku сѐ додека не станете задоволни.

*NSL Analytical ESWaT, 167 премиум HMC производи, август 2015

„Направи и нарачај“ очила каде што видот е на прво место

Совршената рамка базирано на вашите индивидуални црти на лицето – нема повеќе штипење или триење

Ексклузивен избор на дизајни, бои и завршна изработка за рамки, коишто одговараат на вашиот животен стил, изглед и потреби за видот

Напреден софтвер со кој можете да видите како точно ќе изгледате со избраните очила

Лично приспособување и совети за подоцнежна нега по испорака

Што велат корисниците

„Избрав модел на основа на тоа дали тој изгледа добро на мене и дали ми се допаѓа“ (Мејбел, 26)

„Сметам дека секој оптичар треба да ви го измери лицето затоа што секоја глава и лице се различни“ (Јара, 35)

„Многу е важно да го имате правилниот дизајн на леќи за вистинските потреби на очите“ (Паоло, 48)

„Во потрага сум по најновата технологија за леќи“ (Ноел, 57)

„Од неизмерна помош е кога ќе видите како различните карактеристики и својства влијаат на вашиот вид, бидејќи е многу тешко тоа да се замисли“ (Катарина, 30)

Колекција Yuniku

Палетата Yuniku има ексклузивен избор на дизајни за рамки, бои и завршни изработки. Надополнета е со избор на решенија за премиум прогресивни леќи, леќи со единечно видно поле или леќи за внатрешни услови.

Yuniku

Уживајте во суптилната елеганција на колекцијата Yuniku полна со стил и потпишана од Hoet. Претставува резултат на целосното искористување на техниката, материјалот и формата. 

 Кликнете на логото за да ја истражите страницата Hoet: Лого на Hoet

Погледнете ја колекцијата

Cabrio

Барате нешто уникатно модерно? Испечатена во 3D во платформата Yuniku, колекцијата Cabrio придонесува кон вашиот уникатен изглед со возбудливи детали и ергономски дизајн. 

Посетете ја страницата на дизајнерот на рамки за очила, Hoet Bieke:  Лого на Hoet

Погледнете ја колекцијата
Hoya Vision company european flag

Се грижиме за вашите очи

Hoya Vision Care произведува леќи за очила и оптички производи низ целиот свет. Нашето мото „Се грижиме за вашите очи“ е отелотворено преку леќите од најврвен квалитет, преку напредните дизајни на леќи и преку одличното услужување на корисниците на очила од страна на оптичарите.

Прочитајте повеќе
Hoya Vision company european flag